Успешно историското европско деби на стружани, Силекс ремизира на скопскиот пекол

Струга Трим Лум и Силекс одираа 1-1 во денешните први мечеви од Конференциската лига на Европа. Стружани гостуваа кај Лиепаја во Летонија, а откако примија гол во 31-вата минута, во судиското продолжение, во 93-тата минута дефанзивецот Бесир Исени погоди за 1-1 и му донесе голема радост на својот тим. Ако успее да се пласира во следното коло, Струга ќе игра со ЦСКА Софија.

Силекс на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на терените на ФФМ во Скопје одигра 1-1 против молдавски Петроклуб. Кратовци поведоа рано со погодок на Додевски во петтата минута, а гостите изедначија во финишот на првото полувреме. Двата тима имаа шанси да слават на мечот кој се одигра по многу топло време, но голманите останаа несовладани по вторпат. Потенцијален противник на Силекс во второто квалификациско коло е турски Сивасспор.

Од 20 часот Шкупи го пречекува косовскиот Лапи од Подуево.

- Оглас -

Најнови вести