Утеха за Анчелоти е што го доби „новиот“ Инѕаги (видео)

Евертон издвои само реми од 1-1 на гостувањето кај Барнли благодарение на расположениот Доминик Калверт-Луин, кој го реалзиира 11-тиот погодок сезонава во Премиер лигата.

Голгетерот на Карамелите моментално е најефикасен напаѓач во Топ 5 лигите во Европа ако се земат во предвид само погодоци постигнати во шестнаесетникот. Сите 11 гола оваа сезона на Калверт-Луин се во опасната зона.  Од иста позиција погоди и денес на „Турф Мур“ по точното проигрување од Ричарлисон.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1335213455457067009

Претходно Барнли поведе уште во третата минута, и тоа со првиот шут воопшто на средбата. Брејди од дваесетина метри го матира Пикфорд, но домаќините не издржаа ниту едно полувреме, за на крајот да се делат бодовите.

- Оглас -

Најнови вести