Утешниот медал за Камерун, трагедија за Буркина Фасо

Репрезентацијата на Камерун го освои третото место на Африканскиот куп на нации. Камерунците на пенали ја победија Буркина Фасо, откако во регуларниот дел средбата заврши 3-3.

Буркина Фасо беше на прагот на победа, водеше со 3-0 до 72-ра минута, а потоа домаќините направија луд пресврт, и ја добија психолошката битка.

Венсан Абубакар беше јунак на Камерун, тој вечерва даде два гола, и со вкупно 8, стана само третиот поединец во историјата на африканските првенства со 8 или повеќе голови. Финалето се игра утре, помешу Сенегал и Египет.

- Оглас -

Најнови вести