Утна ли Манчестер јунајтед? Игало две недели во карантин поради коронавирусот

Одион Игало ќе биде во еден вид карантин и нема да тренира со новите соиграчи од Манчестер јунајтед во следните две седмици поради мерки на претпазливост од ширење на коронавирусот.

Игало пристигна во редовите на Црвените ѓаволи како позајмен играч од кинескиот клуб Шангај Шенхуа и планот е да игра за гигантот од Англија до крајот на сезоната.

Сепак, прво ќе треба да мирува најмалку две седмици, па потоа 30-годишниот напаѓач да почне да тренира со соиграчите од „Олд Трафорд“ за да се наметне како стандардна опција во нападот на 20-кратниот англиски првак.

Игало има искуство со настапи во Премиер лигата бидејќи беше член на Ватфорд во периодот од 2014 до 2017 година.

 

- Оглас -

Најнови вести