Утре е голем ден, Ериксен повторно ќе заигра во Премиерлигата!

Менаџерот на Брентфорд, Томас Френк, објави дека за утрешниот натпревар против Њукасл, во составот го повикал и Кристијан Ериксен.

Ова значи дека на утрешниот дуел од 16 часот помеѓу Пчелите и Чавките, за првпат од јуни минатата година, официјален меч ќе одигра Данецот кој паузираше долго време поради срцеви проблеми кои за малку не беа и кобни по неговиот живот.

Не се знае дали Ериксен ќе игра од првата минута, или ќе влезе на терен како резерва, но навивачите на Брентфорд ќе имаат прилика првпат да го видат во акција нивниот нов миленик.

Ерисен од 2013 до 2020 година играше во Премиерлигата за Тотенхем, и ова ќе биде негово враќање во англиското првенство после две години. По заминувањето од Тотенхем, тој го носеше дресот на Интер, но во Италија е забрането играње фудбал со вграден дефибрилатор во срцето, па Данецот мораше да раскине со актуелниот првак на Италија.

- Оглас -

Најнови вести