Реал Мадрид влезе во финалето на Суперкупот на Шпанија каде в недела вечер во Ријад ќе се сретне со Барселона, а тренерот Чаби Алонсо нема поим каква формација ќе може да извади на терен во ова Ел Класико.
Добра вест за него е дека на тимот ќе му се приклучи Килијан Мбапе кој се пивреди пред 11 дена, но до утре после тренингот, нема да се знае дали Мбапе ќе биде целосно спремен за битка со лутиот ривал.
Лошите вести како и целата оваа сезона, се поврзани со повредите во одбраната. Синоќа со болки играше Антонио Ридигер и тој може воопшто да не игра против Барса, а и да игра, сигурно тоа не би биле 90 минути. Се повреди и Раул Асенсио, па и за него е неизвесно колку може да игра, а Дин Хаусен не влезе против Атлетико и не е во ритам за да би се потпирале на него на важниот меч за трофеј против тим кој има моќен напад.

