Утрово стартува приоритетната продажба на билети за Вардар – ПИК Сегед

Од денеска во 10 часот почнува приоритетната продажба на билети за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во ракомет меѓу Вардар и ПИК Сегед.

Сите сопственици на влезници од осминафиналниот натпревар Вардар – ППД Загреб во текот на неделава ќе имаат можност да ги заменат со билети за четвртфиналниот натпревар против ПИК Сегед закажан за 25 април во Скопје во 20 часот.

Продажбата на приоритетните билети ќе трае до недела, 14 април. По истекот на овој период, односно од 15 април сите билети кои нема да бидат заменети, ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Со приоритената замена на билети се здобивате со право да ги задржите истите места што сте ги имале на осминафиналниот меч од ЛШ. Не е можно менување на местата, туку само задржување на истите, што значи ќе седите повторно на истото место на кое сте биле на трибините во „Јане Сандански“ и против Загреб.

Цената на билетот за четвртфиналето ќе чини: 400 денари за местата на трибина и 450 денари за блоковите А.

Приоритетната замена на билетите со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден (понеделеник – недела) од 10 до 18 часот.
Притоа ќе биде задолжително приложување и на билетот од осминафиналниот меч заради докажување на местото што сте го имале. Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право и тие ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Првата средба со унгарскиот тим се игра в четврток, 25 април, а реваншот е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот во Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести