Ужас на фудбалски меч во БиХ – Ги истепаа судиите, меѓу нив имаше и дама која доби бокс во лице (Видео)

Срамен и тежок инциден се случи на натпреварот од Втората лига Југ во Босна и Херцеговина, а навивачите на Будуќност од Лукавица ги нападнаа и ги претепаа судиите.

На дуелот што се играше на неутрален терен во Башиговци, гостите, екипата на Рудар имаше предност од 2:0 кога се случија немилите настани.

Навивачи на Будуќност влегоа во теренот и најпрво го нападнаа помошниот судија Маурем Тупајиќ, а потоа го истепаа и главниот судија Алмир Кариќ.

Хулиганите кои дивееја на теренот немаа милост и кон единствената дама која беше помошник-судија на мечот, па и Амина Џибриќ доби бокс во лице.

Најавена е истрага и казни за виновниците што го предизвикаа тешкиот инцидент, а домаќинот на стадионот, фудбалскиот клуб Слатина, објави дека ќе го раскине договорот за домаќинство што го има со Будуќност од Лукавица.

 

 

- Оглас -

Најнови вести