Ужас во САД: Голфер убиен на сред терен, потоа пронајдени уште две тела

Дупката 10 на голф-теренот во еден кантри клуб во Кенесав, Џорџија, е местото на злосторството каде што настрада голферот Џене Силер. Несреќниот Силер бил убиен кога со своето возило застанал да му помогне на човек кој бил заглавен со својот камионет.

Тогаш Силер бил убиен токму од човекот кој бил во камионетот. Подоцна полицијата во багажникот на заглавеното возило пронашла уште две мртви тела, од кое едното било на човекот кој бил сопственик на камионетот.

Нема директни очевидци на настанот, а тие што биле во близина потврдуваат дека се слушнале пет истрели, а потоа непознат човек избегал од местото на злосторството. Силер е 51-годишен професионален голфер, татко на две деца. На полицијата не ѝ е познат мотивот за убиствата и уште трага по осомничениот убиец.

- Оглас -

Најнови вести