Црногорскиот ракометар Вуко Борозан, кој игра за Вардар 1961, вчера шетајќи со своите деца низ Скопје бил нападнат од глутница кучиња.
Од клубот потврдија дека Борозан шетал низ градот и сакајќи да си ги заштити децата, бил брутално изгризан од кучињата. Завршил во болница, шиен е на повеќе места по телото со 14-15 конци.
Неговиот настап на утрешниот важен меч од ЕХФ Европската лига против Порто е под голем знак прашалник.