-5.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Ужасен ден за словенечкиот фудбал, згаснува клуб кој беше двократен првак

Денешниот ден ќе остане запишан во фудбалската историја на Словенија како црн ден, бидејќи некогашниот првак НК Домжале ги одбројува последните часови од своето постоење во сегашната форма.

Откако пропаднаа надежите за шпанско-германски инвеститори, клубот е на работ на пропаст, а сениорскиот тим нема да продолжи да се натпреварува во Првата лига Телемах.

Домжале немаше бод по седум кола, по завршувањето на есенскиот дел од првенството има 12 бодови од 18 кола. Следниот меч треба да биде на последниот ден во јануари. Ако не се појават на терен, тоа ќе биде крај. Домжале има освоено две титули првак на Словенија и два купа, а клубот постои 105 години. 

Во тој клуб продефилираа и македонски фудалери од кои најпознат е Агим Ибраими. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести