Дефанзивецот на Насионал, Хуан Искиердо, се сруши во 84-тата минута од натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло. Лекарите веднаш му пружија помош на теренот. Соиграчите беа во шок од случувањето, а некои се фатија за глава.
Возило на брза помош мораше да влезе на теренот за што побрзо да го пренесат во болница, додека натпреварот беше прекинат околу десет минути.
🇺🇾⚽🇧🇷 | El jugador uruguayo Juan Izquierdo, defensor del Nacional, se descompensó en pleno partido contra el São Paulo en el Morumbí, durante la Copa Libertadores. Actualmente, Izquierdo se encuentra en cuidados intensivos y lucha por su vida. pic.twitter.com/CrKN4LKX9t
— Carlos alberto Pedeaña villeras (@PedeanaCarlos) August 23, 2024
Потоа дојдоа добри вести дека фудбалерот не доживеал срцев удар, туку имал аритмија. Насионал објави дека Искиердо имал неправилен срцев ритам за време на натпреварот.
Претседателот на клубот, Алехандро Балби, исто така, потврди дека Искиердо бил ставен под седативи и стабилизиран. Лекарите исклучиле срцев удар, но ќе следат дополнителни невролошки и кардиолошки проценки.