Ужасни во ЛШ, опасни во Франција: Марсеј „му дише во врат“ на францускиот првак (видео)

Олимпик Марсеј сезонава постави анти-рекорд во Лигата на шампионите со 13 последователни порази и последно место во групата со Манчестер сити, Порто и Олимпијакос, но сосема друга е нивната приказна во француската Лига 1.

Со триумфот од 2-1 во дербито против Монако, Марсеј ја оствари шестата победа во низа по 12 одиграни натпревари и дојде на само бод заостаток зад лидерот и актуелен шампион Пари Сен Жермен.

Марсеј воедно има и натпревар помалку од Светците, во кој доколку триумфираат би ја презеле лидерската позиција на табелата по одиграна една третина од француското првенство.

Победата над Кнезовите беше обезбедена во првите 13 минути од средбата со головите на Тован и Бенедето, додека голот на Бен Једер од белата точка во 77-та минута не беше доволен за гостите да избегнат пораз на „Велодром“.

https://twitter.com/Abdour_Razack/status/1337798645924687877

- Оглас -

Најнови вести