В сабота сите во сала: Девојките кои може да ја однесат Македонија на СП заслужуваат поддршка, влезот е слободен!

Македонската женска сениорска репрезентација 16 години нема играно на Светско првенство во ракомет, а тоа може да се смени ако биде совладана Украина во бараж-двомечот од кој првата рунда е в сабота во Скопје.

За средбата од 19 часот во „Борис Трајковски“, влезот во салата ќе биде слободен и секој навивач е добредојден за да им биде ветер во грб на девојките предводени од селекторот Љубомир Савевски.

Украина 14 години не играла на СП, а поради ситуацијата во таа земја, реваншот нема да се игра во Украина, туку во Унгарија на 11 април, па и тоа е шанса за македонскиот тим да направи подвиг и повторно да биде учесник на ракометен Мундијал во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести