Вајкомб го израдува 97-годишниот фан, дома му го донесоа пехарот (Видео)

Од фудбалскиот клуб Вајкомб вондерерс направија прекрасен гест кон нивниот најстар навивач, 97-годишниот Лесли, и пехарот кој го добија за пласман во Чемпионшип, го однесоа дома кај дедото кој иако има 97 години, никогаш го нема видено клубот во втората англиска лига. Вајкомб првпат во своите 133 години постоење се најде во втората по квалитет лига во Англија.

Историскиот успех беше остварен со победа во баражот на „Вембли“ против Оксфорд, а средбата се играше без публика, па и Лесли не можеше да присуствува. Пехарот беше донесен и на стадионот „Адамс парк“ каде фановите можеа да се сликаат, но Лесли е болен и не излегува од дома. Затоа од клубот му направија изненадување и чест, и тие му го донесоа трофејот да го види во живо.

„Ако Лесли не отиде по пехарот, пехарот дојде кај Лесли“ – рече Пит, главниот во финансискиот сектор на клубот, и човек кој лично го донесе пехарот кај 97-годишниот навивач.

- Оглас -

Најнови вести