Холандија има многу маки непосредно пред настапот на Европското првенство, повредите се број 1, но и некако и атмосферата кај лалињата не е на потребното ниво.
Капитенот Вирџил Ван Дајк е повреден и нема да игра на шампионатот, а неговата замена и соиграч од Ливерпул, Џини Вајналдум вели дека Франк Де Бур имаше одличен избор за лидер на теренот, но не го повика играчот што требаше да биде вистинска замена за Ван Дајк.
„Секако дека ми е чест да бидам капитен на Холандија, но јас лично мислам дека Кевин Стротман би бил многу подобар избор од мене. Штета е што тој воопшто и не е повикан да игра на Европското првенство. Тој избор на селекторот ме разочара. Кевин не само што е идеален избор за капитен, туку можеше многу да ни помогне на теренот. Би сакал и Рајан Бабел да е со нас, но јас сепак не сум селектор“, изјави Вајналдум.
И холандската јавност нема многу доверба во селекторот Франк Де Бур, медиумите го нападнаа по една катастрофална прес-конференција, на која презентираше погрешни податоци за играчите, па Орање има многу проблеми пред ЕП.
Денеска беше објавено и дека Матајс Де Лихт е повреден, неговиот настап е неизвесен за настап на шампионатот,што само ги дополнува маките на една од најголемите фудбалски сили на планетата.
Холандија е во Ц групата заедно со Македонија, Австрија и Украина, а со нас ќе играат на 21. јуни во Амстердам во последнотоколо во фазата по групи.