Вака се расчистува со корупција – Гана ги смени сите фудбалски селектори

Фудбалската асоцијација на Гана вети чсит фудбал, без мито и корупција, а првиот чекор е смена на сите селектори на репрезентациите и во машка и во женска категорија.

Метлата се случи по објавувањето на истражувачката сторија, спакувана во документарец, кој поттикна многу сомнежи за нечесни работи во фудбалот во Гана.

Новиот претседател на ГФА, Курт Окраку ги разреши сите селектори и притоа им се заблагодари за нивниот досегашен ангажман.

Тоа значи и второ збогум за Квеси Апија, кој досега беше актуелен селектор на А тимот, но во вториот обид и немаше многу успеси. Гана не играше на Мундијалот во Русија во 2018 година, што е оценето како голем несупех.

Апија пристигна на кормилото на една од најдобрите африкански репрезентации во 2017 година, откако и претходно беше селектор на Гана во периодот од 2012 до 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести