Ваков автогол ретко се гледа: Ал-Итихад не можеше да даде гол за победа, па тоа на неверојатен начин го стори противнички играч (Видео)

Фудбалерите на Ал-Итихад со 2:1 го совладаа узбекистанскиот тим Навбакор Наманган и се пласираа во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

Иако во второто полувреме се обидуваа да дојдат до гол за победа, фудбалерите на Ал-Итихад не успеаја да дадат втор гол, туку тоа на атрактивен начин го сторија гостинските играчи.

Имено, по изведениот корнер од страна на домашниот тим, играчот на Навбакор Табатадзе на суператрактивен начин, во обид да ја исфрли топката, лошо ја зафати и го лобува сопствениот гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести