Ваков дебакл на Ривер не се очекуваше, Бразилците ликуваат (Видео)

Првото аргентинско-бразилско полуфинале во Копа Либертадорес им припадна на Кариоките, откако Палмеирас со убедливи 3-0 го надигра порази Ривер плејт среде Буенос Аирес. Ова е изненадувачки резултат и еден од најтешките и најболни порази за јужноамериканскиот првак од 2019 година под водство на тренерот Марсело Гаљардо.

Головите за Палмеирас ги дадоа Рони, Луиз Адријано (екс играч на Шахтар, Милан и Спартак Москва) и Виња. Сега на Ривер за пласман во финалето ќе им треба чудо на реваншот во Сао Пауло.

Вечерва е втора рунда од аргентинско-бразилските дуели. Бока јуниорс го пречекува Сантош. Финалето е на 30-ти јануари на Маракана на Рио де Жанеиро, и тоа ќе биде вистински спектакл, без разлика кои два тима ќе се сретнат во мечот за титула.

Погледнете ги најинтересните мечеви од синоќешното полуфинале:

- Оглас -

Најнови вести