Ваков дочек за нов тренер може да добие само Диего Марадона (Видео)

Диего Армандо Марадона пристигна на стадионот на аргентинскиот прволигаш Гимнасија и ја превзема улогата на нов тренер. Легендарниот Марадона имаше неверојатен пречек. Полни трибини, навивачи во транс го пречекаа најславиот аргентински фудбалер на сите времиња.

Гимнасија е последен на табелата во првенството, а Марадона искрено призна дека е дојден поради парите и дека не е магионичар.

„Не сум јас никаков магионичар. Сакам да работам, но сакам и да заработам пари, токму како што правам целиот живот“, рече Марадона, кој не можеше да остане рамнодушен на атмосферата, па и тој почна да потскокнува.

- Оглас -

Најнови вести