Ваков флипер-гол не сте виделе одамна (Видео)

Херта има многу проблеми против второлигашот Брауншвајг на стартот од натпреварите во германскиот куп, бундеслигашите губеа со 2:0, по првото полувреме имаат негатива од 3:2, а вториот гол за домаќините беше многу интересен.

Се случи вистински флипер пред голот на фаворитот и ударот на Јанис Николау со глава го погоди во главата Максимилијан Мителштад, го кутна на земја, а топката во чуден лак заврши во голот на Херта.

Претходно аутсајдерот поведе со уште еден интересен погодок, дело на Мартин Кобилански со удар од голема далечина, а за надеж на Херта во пресврт се погрижи со прв гол за гостите Доди Лукебакио.

Веднаш потоа и Матеус Куња погоди за Херта, но Кобилијански со уште еден гол му донесе предност на аутсајдерот од 3:2 во еден од двата стартни дуели во популарниот ДФБ покал.

И на вториот дуел што се игра вечерва фаворитот и бундеслигаш Мајнц има многу проблеми и по првото полувреме губи со 1:0 на гостувањето кај четвртолигашот Хавелсе.

 

- Оглас -

Најнови вести