Ваков камбек ретко се гледа на ЛОИ

Одбојкарската репрезентација на Бразил со 3:2 ја победи Аргентина во меч кој траеше повеќе од три часа. Дуелот на двата јужноамерикански ривали беше неизвесен, драматичен и на крајот една топка решаваше за тоа кој ќе победи.

Аргентинците, кои беа аутсајдери на овој меч, одлично започнаа. Убедливо го добија првиот сет со 25:19, а потоа и во вториот покажаа дека се подготовени за чудо. Постојаното водство во вториот сет им донесе 2:0, откако го добија со 25:21.

Бразилците, кои делуваа збунето и инфериорно, се „разбудија“ во третиот сет и го добија лесто со 25:16. Четвртиот сет беше најава за вистинска драма. Аргентина имаше водство од 10:4, потоа 14:8 и 17:11, но не успеаја да го добијат сетот кој ќе им донесеше и победа на мечот. Со серија од 5:0, Бразил намали на 16:17, а потоа и поведе со 20:18 и го доби сетот со 25:21 и израмни на 2:2.

Во решавачкиот петти сет, Аргентина имаше предност од 11:9, но Бразилците повторно беа посмирени во решавачките моменти и го добија со 16:14, за голема победа над вечниот ривал. За Бразил ова е втор триумф, а Аргентина вторпат загуби.

Резултати од второто коло на одбојкарскиот машки турнир: Иран – Венецуела 3:0, САД – Русија 1:3, Полска – Италија 3:0, Франција – Тунис 3:0, Јапонија – Канада 3:1 и Бразил – Аргентина 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести