Ваков нокаут ретко се гледа и на УФЦ борбите, а не на фудбалски меч (Видео)

Манчестер јунајтед и Реал Сосиедад одиграа без голови на „Олд Трафорд“, но тоа беше доволно за англискиот гигант да продолжи во следната фаза од Лигата на Европа благодарение на победата од 4:0 во првата средба. Црвените ѓаволи и во реваншот постигнаа гол, но тој беше поништен поради фаул.

Домаќините изведоа корнер, а Туанзебе со глава ја затресе мрежата на Сосиедад. Сепак, погодокот беше поништен, и тоа поради фаул на дуел меѓу други двајца фудбалери. Виктор Линделоф скокна, но наместо топката, со колено директно во главата го удри Џон Баутиста, напаѓачот на Сосиедад. Играчот падна како покосен од добиениот нокаут, а судијата го поништи погодокот.

https://youtu.be/8oMk6JmCxOg

 

- Оглас -

Најнови вести