Ваков очаен напад немало досега во Премиерлигата

Екипата на Кристал Палас не успеа да се одбрани од нападите на Манчестер сити и на крајотзагуби минимално со 1:0 и тоа поради голот на Ерлинг Халанд од пенал. Со овој пораз, Кристал Палас само ја продолжи ужасната низа и уште нема победа во 2023 година. Во 10 меча во Премиер лигата и еден во ФА Купот, Кристал Палас има шест порази и пет нерешени меча.

И по вака очајна серија, Кристал Палас е на солидното 12 место во Премиер лигата, но ако прдолжи со лошите резултати, многу брзо може да се најде во зоната за испаѓање. Тоа што е најлошо кај Кристал Палас е нападот. Во последните три кола, Кристал Палас не само што не постигна гол, туку не успеа да упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол.

Во последните 20 години, откако се води прецизните статистички податоци, досега не се случило еден тим да не упати прецизен шут во рамките на противничкиот гол на три средби по ред.

- Оглас -

Најнови вести