Ваков поен не се пропушта – Жабер одигра шмекерски на Вимблдон против шампионката (Видео)

Анс Жабер го одигра најубавиот поен на ова издание на Вимблдон, а потегот на Тунижанката е брилијантен и неверојатно тежок.

На денешниот дуел од третото коло на гренслем турнирот во Лондон, Жабер мајсторски го прочита потегот на поранешната шампионка на Вимблдон, Гарбиње Мугуруза и на скратената топка одговори брилијантно.

Погоди покрај мрежата за секунда пред да падне топчето, а покажа и неверојатна вештина и брзина.

Потоа успеа и да ја елиминира Шпанката, која беше шампионка во Лондон во 2017 година. Во следното коло Жабер ќе има уште еден тежок дуел, со нова гренслем шампионка, а ривалка ќе и биде Ига Швјонтек, победничката на Ролан Гарос во 2020 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести