Ваков прогнозерски тикет досега немало, ќе му се приклучите ли на мнозинството?

Осмото коло на Спортска прогноза е нестандардно, не само затоа што во понудата немаше клупски натпревари, туку од неделната понуда има само мечеви од јужно-американските квалификации за СП кои ќе завршат на полноќ и после тоа по македонско време.

Точно 1.824 прогнозери се дел од осмото коло на Спортска прогноза, а 13 од нив, имаат максимални пет погодоци по вчерашните мечеви на кои победуваа гостинските репрезентации. За денеска и рано изутрина се пет дуели, а ќе останат уште трите меча в понеделник вечер кога ќе се знае дали ќе има освојувачи на награди.

За мечот Боливија – Перу, 51,8 отсто од играчите типувале на нерешено. Квотата за „икс“ е 3.25. Најголем дел од прогнозерите (63,5 отсто) веруваат дека Венецуела дома ќе загуби од Еквадор, а уште поголем е процентот (74,04) на оние што типувале на триумф на Бразил на гостувањето кај Колумбија.

Потоа следуваат два меча на кои поголеми шанси им се даваат на домашните. Главен фаворит на играчите на Спортска прогноза е Чиле, бидејќи дури 89,35 отсто типувале кец за мечот со Парагвај, а во победа на Аргентина над Уругвај се убедени огромни 85,18 проценти.

Овие пет меча одиграни со на тикет прават вкупен коефициент од 47.9.

Тикет кој го нудат прогнозерите на база на најголем број на одиграни фиксови

6707 Боливија – Перу                          Х         3.25

6709 Венецуела – Еквадор                   2         2.04

6710 Колумбија – Бразил                      2        2.13

6711 Аргентина – Уругвај                      1         1.68

6712 Чиле – Парагвај                             1        2.02

——————————————————————————

Вкупен коефициент                                 47.9

- Оглас -

Најнови вести