Ваква доминација ретко каде има, ја освоија 10-тата титула во низа

Ред Бул Салцбург го победи Штурм Грац со 2:1 во дербито од 30-тото коло на австриското првенство, триумф кој значеше и нова шампионска радост за тимот од Салцбург. Штурм водеше на полувреме со 1:0, но домаќините во второто полувреме успеаја да направат пресврт и со погодоци во 49-тата и 88-мата минута стигнаа до 2:1.

На две кола до крајот, Ред Бул Салцбург има 45 бода, додека Штурм остана на второто место со 39 бода, па веќе и теоретски е обезбеден трофејот, и тоа 10-ти пат во низа, а вкупно 17-ти во клупската историја.

Тренерот на Ред Бул Салцбург, Матијас Јесле, се промовира како најмлад стратег кој ја освоил титулата во Австрија. Тој има 35 години и 46 дена.

 

- Оглас -

Најнови вести