Ваква перфекција немало на Спортска прогноза, сега се нуди коефициeнт 70 за добивка, Ајфонот 11 денеска треба да падне!

Дури 38 играчи на Спортска прогноза имаат перфектни шест погодоци по вчерашните шест одиграни меча, во рамките од 18. коло. Тоа значи дека прогнозерите викендов се одлично расположени за точни фиксови и едноставно вреди да се одигра по нивните „совети“. Тие 38 прогнозери денеска се во трка за освојување на Среќна 13-ка, односно вредниот подарок Ајфон 11!

За денеска преостануваат уште седум натпревари, а возбудувањата ќе започнат уште во 12:30 часот и тоа со дербито во Серија А меѓу Рома и Интер. Од 2.121 прогнозери, речиси 43 отсто очекуваат нерешен резултат, додека 39 отсто се за двојка. Тоа значи дека најреално е тука да се одигра на двознак дека Нераѕурите нема да загубат.

Лацио треба да е сигурен освојувач на трите бода на гости кај Парма, барем според 81,6 отсто од фиксовите на прогнозерите.Неизвесен меч треба да биде во Бундеслигата меѓу Аугсбург и Штутгарт каде процентите се многу израмнети 1 (35 отсто), Х (36 отсто), 2 (29 отсто), па и тука најреално е да се одигра двознак.

Ајакс со 80 отсто сигурност ќе го добие дербито против ПСВ, а Херта над 50 отсто е дека ќе слави на гости кај Арменија Билефелд. Фиорентина мора да ги освои трите бода на свој терен против Калјари, во што веруваат над 85 отсто од прогнозерите, додека последниот меч е од шпанската лига меѓу Валјадолид и Валенсија. За Икс се 45 отсто, а во двојка веруваат речиси 43 отсто, што значи само 12 проценти се за победа на домаќините.

Според направениот тикет од прогнозерите, од овие седум меча се добива вкупен коефициент од 70.93 што значи дека за 100 вложени денари, можната добивка изнесува одлични 7.093 денари.

3657   Рома – Интер                                      Х2              1.37

3658   Парма – Лацио                                    2                1.65

1808   Аугсбург – Штутгарт                          1Х               1.67

1638   Ајакс – ПСВ                                          1                1.69

1809   Арменија Билефелд – Херта             2                1.95

3661   Фиорентина – Калјари                       1                 1.81

1310   Валјадолид – Валенсија                    Х                 3.15

—————————————————————————————————

Вкупен коефициент                                                         70,93

 

- Оглас -

Најнови вести