Ваква ранг-листа немало досега – Првиот е без знаме и име на земјата, зад него е тенисерот што трпи санкции, а за третиот се бара строга казна (Фото)

Тениската ранг-листа на АТП што важи од денеска е една од најчудните во историјата на еден од најпопуларните индивидуални спортови.

Водечкото трио, Данил Медведев, Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев, има многу проблеми, а сите се со своја чудна приказна.

Данил Медведев ја почнува втората седмица во кариерата како најдоброрангиран светски тенисер, но е под тивки санкции од АТП бидејќи е Русин и покрај неговото име и презиме нема никакви обележја.

Стои само името и презимето и дека е прв со 8.615 поени. Ова е по малку и трагикомично и Медведев е казнет само затоа што е од Русија, иако тој самиот се спротивстави на воената интервенција во Украина со пораки и со објави на социјалните мрежи.

Уште потрагични се најавите од АТП дека на руските тенисери нема да им биде дозволен настап на тениските турнири, а тоа веројатно ги чека и тенисерките од Русија на ВТА-турнирите.

Во таков случај, Медведев ќе го загуби првото место, а зад него е Новак Ѓоковиќ, кој исто така е под чудни санкции бидејќи е невакциниран, па не може да игра во одредени земји, пред сè во САД.

Новак има 8.465 поени и е блиску до преземање на првото место, односно враќање на врвот ако му дозволет да игра без вакцина.

Зад нив е Германецот Александер Зверев, кој неодамна направи голем инцидент со судијата на турнирот во Акапулко.

И тој е под притисок, а и за него се бара строга казна да не игра од 3-6 месеци.

Најтрофејниот гренслем-шампион, Рафаел Надал, кој има 21 титула е на четвртото место, а во Топ-5 е и Гркот Стефанос Циципас.

 

- Оглас -

Најнови вести