Герет Бејл има неверојатна серија од 608 дена без настап за Реал Мадрид на домашен терен, или поточно не играл на храмот на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“ една година и 8 месеци.
Интересно е што Карло Анчелоти петпати го стави во игра сезонава и сите пет меча беа кога Реал Мадрид беше гостин.
Велшанецот извесно време беше и повреден, но и кога е фит, никако да „помириса“ трева на култниот стадион во Мадрид.
Оваа сезона му е осма како играч на Кралскиот клуб и ќе му биде најтенка и со минутажа и со настапи досега.
Играше само четирипати во Ла Лига и еднаш во Лигата на шампионите, постигна еден гол, а вкупно на терен мина 268 минути.
Следниот натпревар Реал го игра на 26 февруари како гостин кај Рајо Валјекано во градското дерби на Мадрид, што е шанса за Бејл да забележи нов настап бидејќи Кралевите ќе бидат гости.