Ваква ждрепка немало досега – Точно на пладне во Нион аутсајдерите ќе бидат големи фаворити (Фото)

Итересна ќе биде денешната ждрепка во двете натпреварувања на УЕФА, Лигата на Европа и Конференциската лига, а особено возбудливо треба да биде во Нион од 12 часот.

Тогаш ќе почне извлекувањето на двојките за осминафиналето во Лигата на Европа со интересен рaспоред.

Ќе има 8 носители, а тоа се: Црвена ѕвезда, Ајнтрахт Франкфурт, Галатсарај, Баер Леверкузен, Лион, Монако, Спартак Москва и Вест хем.

Групата изгледа одлично, но секако е послаба од таа каде што се осумтте неносители.

Тука се трофејни екипи што имаат многу пехари и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

Ги предводи рекордерот Севилја, екипа што е убедливо на врвот на вечната листа во ова натпреварување со шест пехари.

Тука е и петкратниот европски првак Барселона, потоа и Порто со две европски круни и два пехари во Лигата на Европа, поранешниот европски шампион Борусија Дортмунд, Бетис, Аталанта, Лајпциг и Брага.

Ждрепката ќе биде полудиригирана и екипи од иста земја не можат да бидат ривали во осминафиналните двомечи.

Еден час подоцна ќе почне и ждрепката за Конференциската лига, исто така за осминафиналните двојки во премиерното издание на новиот проект на УЕФА.

И тука екипите се поделени во две групи, носители и неносители.

 

- Оглас -

Најнови вести