Вакви соиграчи би посакал секој – Лудо го славеа деби повикот на Клос во репрезентацијата (Видео)

Десниот бек на Ленс, Жонатан Клос, имаше голема причина за радост откако дочека прв повик во составот на репрезентацијата на Франција, а со него лудо славеа и соиграчите од Ленс.

Сите фудбалери на францускиот прволигаш со нетрпение го чекаа објавувањето на списокот на Триколорите за дуелите со Брегот на Слонова Коска на 25 март и со Јужна Африка четири дена подоцна.

Франција се пласира на Мундијалот во Катар што ќе се игра во ноември и декември оваа година и ќе ја брани шампионската круна што ја освои на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Клос, кој има 29 години, ќе дебитира за светските прваци, а како реагираше кога дозна дека е на списокот на Дидие Дешамп и радоста на неговите соиграчи од Ленс можете да погледнете ОВДЕ.

https://twitter.com/1DarrenTulett/status/1504474253520900109?s=20&t=P88ydlSnAdbPN-zQP0SF4g

- Оглас -

Најнови вести