Вакво чудо никогаш немало во историјата на Гренд слем турнирите!

Британската тенисерка Ема Радукану е сензационална победничка на последниот Гренд слем сезонава, Отворенот првенство на САД. Радукану која има само 18 години, во финалето со 6:4, 6:3 ја победи Лејла Фернандес од Канада. Ова финале и историско, затоа што за прв играа две тенисерки кои не беа носителки на турнирот.

Радукану е дури на 150 место на ВТА листата и со освојувањето на турнирот во Њујорк стана првата тенисерка во историјата на отворената ера, која успеала од првото квалификациско коло да стигне до трофејот. Да биде уште поимпресивно, Радукану во 10-те меча што ги победи, не загуби ниту еден сет.

Со 18 години таа е втората најмлада освојувачка на Гренд слем турнир, по Марија Шарапова која во 2004 година триумфираше на Вимблдон со само 17 години. Радукану е и првата Британка кога освоила Гренд слем во последните 44 години. Последен пат тоа ѝ успеа на Вирџина Вајд која победи на Вимблдон во 1977 година.

И финалистката Фернандес имаше одличен настап и за нејзе ова е историски успех, затоа што прв пат беше дел од едно Гренд слем финале. Фернандес која е на 73 место на ВТА листата, на патот до финалето ги победи Осака (3 место на ВТА листата), Свитолина (ВТА 5 место) и Сабаленка (ВТА 2 место).

Историското финале траеше еден час и 51 минута, а Фернандес четири пати го загуби својот сервис, додека Радукану беше одлична.

 

- Оглас -

Најнови вести