Вакво чудо во Фиорентина не се случило 57 години!

Фиорентина без многу проблеми со 4:1 победи на гостувањето кај Беневенто во меч од 27. коло во Серија А. Виолетовите во првото полувреме постигнаа три гола и веќе тогаш беше јасно дека ќе ги освојат трите бода.

Српски репрезентативец Душан Влаховиќ блесна во првите 45 минути, постигнувајќи три гола. Со овој хет-трик, Влаховиќ влезе во историјата на клубот како прв играчи кој во последните 57 години успеал да даде три гола во првото полувреме. Вакво нешто не му успеало ниту на легендарниот Габриел Батистута.

Влаховиќ погодуваше во 8, 26 и 45+1 минута и го повтори подвигот на Курт Хамрин кој успеал да даде три гола во прво полувреме за Фиорентина на 2 февруари 1964 година. На тој дуел од пред 57 години, Фиорентина со 7:1 ја победи Аталанта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести