Вакво коло на Спортска прогноза досега немало, не постои поголем предизвик за обложувачите!

Новото, десетто коло на бесплатната и забавна Спортска прогноза ќе биде најинтересното досега бидејќи понудата носи неколку големи дербија, и тоа сите се играат во недела.

Типувањето трае до сабота во 16 часот, но на менито на популарната Тринесетка ги има трите најголемите дербија во Шпанија, Италија, Англија, Холандија, а интересни ќе бидат и други мечеви, како гостувањето на лидерот на Серија А, Наполи, кај Рома на Мурињо или лондонската пресметка на Вест хем и Тотенхем.

Последните пет меча од основната понуда се спектакуларни и се дуели кои секоја година со нетрпение се очекуваат во земјите во кои се играат.

Вечните ривали Барселона и Реал Мадрид ќе играат во ново Ел Класико на „Камп ноу“, а засега прогнозерите му даваат предност на Кралскиот клуб, малку над половина мислат дека ќе победи Реал. Во истиот термин ќе се игра и холандското дерби меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен. Тука голем фаворит, според процентите, е Ајакс.

Најголема поделеност во прогнозите има за дербито на „Олд Трафорд“, каде што ќе се игра англискиот класик меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. За крај на колото ќе треба да се погоди и исходот на „Дербито на Италија“ меѓу Интер и Јувентус на „Џузепе Меаца“. Големо мнозинство не верува во победа на Старата дама.

Потребно е да се погодат сите 13 пара за да се освои прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“. За учество ви треба само да имате СЛ картичка од Sport Life.

Обложувалницата за секое коло ги наградува и утките, па со 12 погодени парови ви следува ваучер од 1.000 денари, а со две промашувања ќе добиете ваучер од 500 денари. Важни се и поените од двата резервни пара, кои важат во битката за првото место во Генералниот пласман. Шампионот на крајот од четвртата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди во поени од СЛ маркетот на Sport Life за останатите четири прогнозери што ќе бидат пласирани во Топ-5.

 

- Оглас -

Најнови вести