Вакво коло на Спортска прогноза не се пропушта – Ел Класико е за крај, ќе горат и Белград и Торино

Тековното 25-то коло на Спортска прогноза е уникатно досега со три големи европски дерби-дуели, а во фокусот е популарното Ел Класико, но и мечевите во Белград и Торино.

Шпанската пресметка меѓу Реал Мадрид и Барселона секогаш била меѓу најгледаните спортски настани во светот, а особено растеше во последно време и стана настан што не се пропушта.

Вечниот ривалитет на двата гиганти, сега дополнет и со политичката ситуација во Шпанија и недоразбирањата на релација Мадрид – Каталонија само ја креваат температурата пред мечот што треба да се игра во недела од 21 часот.

Тоа е последниот меч од основната програма со 13 двојки што ви ги нудиме за ова коло, а како загревање за новото Ел Класико, во недала од 18 часот ќе играат вечните српски ривали Црвена ѕвезда и Партизан и од 20.45 часот Јувентус и Интер во популарното Дерби на Италија.

Има уште многу интересни мечеви, колото е во тек за прогнозирање, а краен рок е 16 часот во сабота, кога ќе почнат двата меча во Премиер лигата меѓу Вест хем и Саутхемптон и Њукасл против Барнли.

Вклучете се и вие во играта што е бесплатна, а нуди многу забава и има одлични награди. Веќе знаете дека „ајфонот“ го чека првиот добитник во втората сезона, а за да се има оваа убава награда во колекцијата, треба да се погодат сите 13 двојки во исто коло.

Има награди и за една или две утки, а за таа намена се предвидени ваучери од 1.000, односно 500 денари.

Продолжува и битката за првите пет позиции во Генерален пласман, а тука важат и поените од двата резервни пара. Премијата ТВ Смарт од 48 инчи по завршување на сезоната ќе му биде доделена на најдобриот прогнозер со најмногу поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести