Вакво нешто не им се случило шест децении: Манчестер јунајтед го допре дното во својата историја (ФОТО)

Манчестер јунајтед со својот катастрофален настап против Манчестер сити постави неколку негативни рекорди во својата историја, а со тоа практично и го допре дното.

На Олд Трафорд, „црвените ѓаволи“ примаат најмалку по еден гол на последните 14 натпревари, а такво нешто претходно им се случило во сезоната 1958/59 кога на исто толку средби не успеале да ја зачуваат својата мрежа.

Но, тогаш тимот практично беше „крпен“ бидејќи се случи познатата авионска несреќа, каде што загинаа неколку играчи.

Вториот негативен рекорд е автоголот на Ерик Бејли, кој е прв во историјата на ова дерби, откако најсилната англиска лига се игра под името Премиер лига.

 

- Оглас -

Најнови вести