Велемајстори за пресврти – Франција имаше многу среќа, милиметри и ја донесоа титулата во Лигата на Нации (Видео+Фото)

Килијан Мбапе уште една покажа сјајна напаѓачка реакција, успеа да избегне офсајд во 80. минута за милиметри и со победнички гол и донесе пехар на Франција во финалето на Лигата на Нации против Шпанија.

Актуелните светски прваци победија со 2:1, иако имаа негатива од 0:1.

Ситуцијата што беше клучна за триумф и титулата беше прегледана со помош на ВАР системот и на радоста на Триколорите судијата Енди Тејлор покажа на центар.

Претходно Микел Ојарзабал со гол во 64. минута и донесе предноста на Шпанија, но Французите повторно направија пресврт и победија, слично како и во полуфиналето против Белгија.

Карим Бензема брзо, по само 120 секунди возврати со фантастичен гол за 1:1, а потоа Мбапе го постигна клучниот гол за пехарот.

Во меч за третото место Италија со идентичен резултат од 2:1 ја победи Белгија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести