Валбуена со два потези го матираше Андерлехт

Францускиот играч од средината на теренот, Матје Валбуена, со гол и асистенција во периодот од 71-вата до 74 минута му донесе победа на Фенербахче на дуелот со Андерлехт од Лигата на Европа.

Валбуена ја најави победата со центаршут, топката никој не ја удри со глава, но и голманот на белгискиот тим беше изненаден што топката одеше во гол и заврши во мрежата. Само три минути подоцна, Валбуена се прошета низ одбраната на гостите, додаде до слободниот Михаел Фрај, кому не му беше тешко да погоди за 2-0.

Оваа победа го носи тимот на Елиф Елмас (играше цел меч) во одлична позиција да продолжи во наредната фаза, а Андерлехт веќе е елиминиран.

Во вториот меч кој се играше во терминот од 16.50 часот, Астана го победи Јаблонец со 2-1. Овој дуел во главниот град на Казахстан се играше во зимски услови, на 0 степени. Тоа не им пречеше многу на гостите, но не издржаа и Астана, преку Постников, победничкиот гол го даде во 88-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести