Валдерама со драстично менување на имиџот ги шокираше фановите (Фото)

Витканата руса коса веќе три децении е заштитен знак на некогашниот фудбалер Карлос Валдерама, кој беше препознатлив во светот токму по необичната фризура, но сега Колумбиецот реши да направи драстична промена во имиџот.

Валдерама експериментираше со косата и ја испегла, со што доби изглед каков што не се очекуваше. Ги остави мустаќите и не ги избричи, но со новата фризура веројатно би го препознале само најблиските. Најголем дел од фановите му порачаа повторно да се врати на старата афрофризура и витканата коса на која му завидуваа и жени.

- Оглас -

Најнови вести