Валенсија или Бетис, не се без шанси во финалето

Реал Мадрид и Барселона играле шестпати во полуфинале на шпанскиот куп, а победникот од тие двобои само двапати успеал да го крене пехарот, додека во другите четири наврати губеле во финалето. Ова е податок кој може да ги радува во Валенсија и Бетис, кои ќе се борат за второто место во финалето на Копа дел Реј.

Финалниот меч се игра на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја, стадионот на кој синоќа Бетис и Валенсија одиграа 2-2. Домашните водеа со 2-0, вториот гол беше ремек-дело на ветеранот Хоакин, кој од првиот гол во кариерата до вчера има период од 18 години и 118 дена.

Деби-голот на Хоакин за Бетис беше во октомври 2000 година, а дека уште има што да покаже на фудбалскиот терен, докажа синоќа. Бетис немаше дадено гол со директен шут од корнер од 2010 година, кога играше во втора лига.

„Лилјаците“ се поблиску до финале, бидејќи реваншот го играат дома и ќе им одговара каква било победа или реми од 0-0 или 1-1, а и во претходниот случај кога извлекоа 2-2 кај Бетис, потоа на реваншот успеаја да го елиминираат „зелено-белиот“ тим од Севилја.

- Оглас -

Најнови вести