Валенсија конечно го победи Вилјареал

Валенсија ја прекина серијата лоши резултати против Вилјареал и конечно ја сопре „жолтата подморница“ со победа од 3:0 во регионалното дерби.

По четири меча во низа без триумф против Вилјареал,  на „Месталја“ се радуваа домашните играчи. Дијакаби погоди веднаш на стартот на мечот во четвртата минута, а иницијативата на домашниот тим со нов гол ја круниса Черишев во 51. минута.

Печат на победата на Валенсија стави Родриго со погодок во 86. минута, а „лилјаците“ летнаа на седмата позиција во Ла Лига со 29 бода.

Вилјареал се уште нема победа во 2019 година, има долга серија од седум меча без триумф и е на 19. место со само 18 бодови, па му претстои тешка битка за опстанок во силната шпанска лига.

- Оглас -

Најнови вести