Валенсија не го победи ни тимот кој 13 меча нема радост

Валенсија одигра само 1:1 на својата „Местлја“ против Осасуна во меч на кој домаќините ја имаа фаворитската улога. Некогашниот шпански првак на крајот може да биде и задоволен со бод затоа што гостите водеа со 1:0, благодарение на голот на Калјери во 42-рата минута.

Домаќините од пораз се спасија во 69-тата минута, кога автогол си даде Гарсија. Валенсија сега има 20 бода од 19 меча и е само на три бода од зоната за испаѓање. До овој меч, Валенсија против Осасуна имаше 27 победи, осум нерешени и само два порази во последните 37 средби со тимот од Памплона.

Осасуна цели 13 кола во Примера дивисион нема победа, но успеа да стигне до бод на „Месталја“ и сега има 16 бода, останувајќи на претпоследното место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести