Валенсија не може да избега од реми

Валенсија не може да избега од реми и повторно освои само еден бод, вечерва по десеттипат во Ла Лига во 16 натпревари.

На гостувањето во Баскија, кај Еибар, популарните „лилјаци“ имаа предност од 1:0 со голот на Родриго во првото полувреме, но пак не победија.

Шарлс од пенал израмни за Еибар во 56. минута, а потоа веќе немаше гол и мечот заврши со резултат 1:1. Со овој исход и двете екипи ја продолжија серијата од по три меча без победа, а Валенсија е екипата со најмногу нерешени во Ла Лига, пред Атлетик Билбао со 8 ремија на 15 дуели.

- Оглас -

Најнови вести