Валенсија победи со гол во последната секунда (Видео)

Италијанецот Кристијано Пичини во вистински момент го постигна својот прв гол во шпанското првенство, бидејќи му донесе победа на својот тим Валенсија, од 2:1 во дуелот со Уеска.

Кога се чинеше дека гостите ќе освојат голем бод на гостувањето на „Месталја“, буквално во последната секунда, Валенсија даде гол. Судијата покажа три минути продолжување, и само што измина 93 минута, Пичини ја затресе мрежата на гостите за еуфорична радост на фаворитот.

Валенсија поведе со голот на капитенот Дани Парехо, и ова му е прв гол од игра од април 2017 наваму. Од тогаш наваму, Парехо постигнуваше голови само од пенал (9) или слободен удар (2). Потоа „фенерџијата“ на табелата изедначи од белата точка, со гол на Кучо Ернандес.

Валенсија е клуб против кој се досудени најмногу пенали во историјата на шпанското првенство, вкупно 386. Втор на оваа вечна листа е Еспањол со 374. Иако има само четири победи сезонава, Валенсија е на само четири бода заостанување зад шестото место кое води во Европа.

- Оглас -

Најнови вести