Валенсија се извлече со второлигаш, Билбао немаше милост за Еибар (Видео)

Фудбалерите на Валенсија многу потешко од очекуваното стигнаа до пласман во осминафиналето на Купот на кралот. Тие дури после 120 минути игра победија со 1-2 над Картагена, откако натпреварот заврши 1-1 во регуларното време.

Домашните поведоа уште во четвртата минута преку Ортуно, но Калеро во 45-тата минута заработи црвен картон и ја остави својата екипа со играч помалку на теренот. Бројчаната предност на тревникот, фудбалерите на Валенсија ја искористија дури во 73-тата минута, кога Канос израмни на 1-1.

Голот за победа на Валенсија го постигна Гаја во 106-тата минута.

Атлетик Билбао немаше никакви проблеми и со убедливи 0-3 го победи второлигашот Еибар, додека мечот помеѓу Унионистас од Саламанка и Виљареал беше прекинат пред почетокот на продолженијата, бидејќи снема струја на стадионот. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1.

- Оглас -

Најнови вести