27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Валенсија се ослободи од најлошото засилување во клупската историја

Дефанзивецот на Валенсија, Ајмен Абденур, кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот прволигаш Кајсериспор. Клубот од „Месталја“ конечно се ослободи од најлошото засилување во клупската историја, за кого пред четири години му исплатија околу 25 милиони евра на Монако.

Лилјаците имаа големи очекувања од Абденур, но тој никогаш не ги оправда средствата, па затоа изминативе две сезони играше за Марсеј како позајмен играч. Но, и таму не го исполни потенцијалот, за две сезони запиша само 14 настапи во Лига 1, а по завршувањето на позајмицата, Валенсија му посочи да не се враќа во клубот и да си бара нов ангажман.

Откако се реализираше раскинувањето на договорот, Абденур потпиша за турскиот прволигаш, а бидејќи настапи на вкупно 43 натпревари за шпанскиот тим за четири години, заслужено ја доби етикетата за најлошо засилување во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести