Валенсија со многу мака стигна до четврт-финалето во Купот на Кралот

Валенсија се пласира во четвртфиналето од Купот на Кралот по победата на пенали со 4-2 против третолигашот Леонеса. Актуелниот бранител на трофејот со многу мака се избори за место меѓу најдобрите осум екипи откако во регуларните 90 минути, но и во дополнителни 30 минути немаше погодоци.

Во пенал-серијата за Лилјаците без грешка погодија Кокелан, Солер, Гомес и Парехо, додека Менудо и Бенито беа трагичари за домашниот состав.

Претходно Вилјареал лесно го совлада Рајо Валјекано со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести