Валверде е иднината на Реал Мадрид, го продолжи договорот до 2027 година (Фото)

Уругвајскиот репрезентативец Федерико Феде Валверде е иднината на Реал Мадрид и денеска го продолжи договорот со Кралскиот клуб до 2027 година.

Играчот кој има 23 години продолжува во најтрофејниот клуб во кој пристигна во 2016 година, кога играше за вториот тим на Кралевите.

Веќе следната година почна да настапува и за сениорскиот тим, а потоа една сезона беше на позајмица во Депортиво Ла Коруња.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1430146142797549624?s=20

На 20-годишна возраст дебитираше за Реал во меч од Лигата на шампионите против П’лзењ, а добрите настапи му донесоа и место во националниот состав на Уругвај.

Досега за својата репрезентација играше на 29 натпревари, а за Реал има 75 настапи и пет постигнати голови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести