Валверде ги збуни сите: Меси не е нашиот најдобар играч во ЛШ

Барселона стигна до неочекувана тешка победа на гостувањето кај Славија во Прага, откако Каталонците победија само со 2:1. Гостите беа апсолутни фаворити, но Славија не се даде лесно. Домаќините во голем дел од мечот напаѓаа, создаваа шанси, а само еден човек е виновен што не успеаја да се израдуваат барем на бод против Барселона.

Голманот Марк-Андре тер Штеген бранеше одлично и иако прими гол, на крајот е херојот на Барселона. Тоа го потенцираше и тренерот Ернесто Валверде, и тоа не само за синоќешниот дуел, туку за сите три меча одиграни сезонава во ЛШ.

„Тер Штеген е нашиот клучен играч во досегашните три меча од ЛШ. Тој е играч кој може да биде главен на кој било дуел. Секој нареден ден го гледам во сè подобро издание“, не штедеше пофални зборови Валверде за својот голман.

Германскиот чувар на мрежата досега одбрани 12 од 13 прецизни удари кон неговиот гол во трите меча во ЛШ, што е нов рекорд.

- Оглас -

Најнови вести